Дома Фудбал Барселона ги продава тревата и седиштата од Камп Ноу

Барселона ги продава тревата и седиштата од Камп Ноу

Барселона ќе заработува со продажба на разни предмети од стадионот „Камп Ноу“, а тоа сигурно му е потребно на клубот поради лошата финансиска ситуација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во моментов „Камп Ноу“ се реновира, а Барселона домашните натпревари ги игра на стадионот „Монжуик“.

Каталонците решија да заработат од реновирањето, па ќе продаваат одредени предмети од „Камп Ноу“, како седишта и тревата.

Цените за седиште почнуваат од 99 евра, а секој кој поседува сезонски билет би можел да го откупи сопственото столче на кое седел на стадионот.

Навивачите ќе можат да купат и специјални дијаманти (0,50 карати) направени од јаглерод кој беше изваден од почвата на тревникот од последниот натпревар таму – против Мајорка на 28 мај 2023 година. Нивната цена започнува од 499 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Италија избрала нов селектор!

Италија се наоѓа во тежок период откако трета последователна пат не успеа да се квалификув…