Барселона синоќа славеше против Бетис, но едно е сигурно: Нејмар ќе недостига во тимот од „Камп Ноу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Речиси сигурно беше дека ново име на Барселона ќе стане Филипе Кутињо од Ливерпул, но клубот од „Енфилд“ ја одби и последната понуда на Барселона од дури 125 милиони евра и јасни беа во ставот дека Бразилецот нема да го напушти Ливерпул оваа сезона.
Сепак, Кутињо и понатаму не се откажува од Барселона и силно сака да заигра за тимот од Каталонија. Но, како што денеска јавуваат шпанските медиуми, каталонскиот клуб сега има нова цел, а тоа е Анхел Ди Марија од ПСЖ.
„Mundo Deportivo“ пренесува дека управата на Барселона би можела да се сврти кон Аргентинецот и така да го надомести просторот кој остана празен по заминувањето на Нејмар.
Тешко е да се верува дека ПСЖ ќе го пушти Ди Марија, а и своевремено Аргентинецот беше член на најголемиот ривал на Барселона, но сведоци сме дека работите се менуваат преку ноќ, кога станува збор за понуди кои тешко можат да се одбијат.