Дома Трансфер зона Барса нема трпение: Ги сака веднаш парите за Паулињо и Алкасер

Барса нема трпение: Ги сака веднаш парите за Паулињо и Алкасер

Раководството на Барселона веќе започнало преговори со Борусија Дортмунд и Гуангжу Евергранде за продажба на Алкасер и Паулињо, играчи кои во овој момент се водат како позајмени, пренесуваат каталонските медиуми.

Германците и Кинезите имаат опција да ги откупат фудбалерите на крајот на сезоната, но Барселона бара двајцата фудбалери да бидат купени уште сега за да можат да располагаат со поголема сума на пари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија треба да плати 23 милиони евра за Алакасер и во моментов тој трансфер изгледа како сигурен, бидејќи „милионерите“ сакаат да го откупат голгетерот.

Од друга страна пак Гуангжу е обврзан да го откупи Паулињо за 50 милиони евра, но трансферот по договорот треба да биде затворен следното лето.

Сепак, Барселона нема трпение и започна преговори со двата клуба уште сега да ги откупат играчите, бидејќи тие 73 милиони евра клубот сака да ги инвестира уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали засилувањето на Ливерпул од 85 милиони евра најави заминување со последниот потег?

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е честа мета на критики во јавноста поради големиот бр…