Дома Трансфер зона Барса му поставила ултиматум на Дембеле: Потпиши или ќе биде продаден

Барса му поставила ултиматум на Дембеле: Потпиши или ќе биде продаден

Осман Дембеле сезонава конечно игра како што се очекува од него во дресот на барселона, но очигледно наскоро би можел повторно да ги налути Каталонците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дембеле во Барселона стигна во 2017 година како замена за Нејмар и Барселона го плати неверојатни 140 милиони евра, но Французинот во претходните сезони имаше проблеми со повреди и не ги оправда очекувањата.

Откако Роналдо Куман стигна на тренерското столче, Дембеле ја врати формата и фати ритам, па поради тоа Барселона неколку пати му понуди нов договор, но не доби потврден одговор.

Каталонски „Спорт“ објави дека во каталонската екипа се сомневале дека Дембеле свесно го одбива договорот поради намера да ја напушти Барселона целосно бесплатно.

Поради тоа новиот претседател Жоан Лапорта донел одлука да го почека Дембеле до крајот на сезоната, по што тој ќе мора да потпише договор или ќе биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…