Дома Трансфер зона Барса купува во Рим: Ѕвездата на Лацио се сели на „Камп Ноу“?

Барса купува во Рим: Ѕвездата на Лацио се сели на „Камп Ноу“?

Барселона сигурно ќе се засилува во зимскиот преоден рок, а едно од можните засилувања е играчот на Лацио, Луис Алберто.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Луис Алберто оваа сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Барселона испратила скаути да го гледаат на мечот меѓу Лацио и Торино, за лично да се уверат во квалитетите на шпанскиот интернационалец.

Алберто е дете на Севиља, кое во 2013 година се пресели во Ливерпул. На „Енфилд“ не доби шанса, а после позајмицата во Малага и Депортиво доаѓа на „Олимпико“ каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Шпанецот оваа сезона е еден од најважните фудбалери на Лацио, на 21 натпревар постигна 8 гола и подели 5 асистенција, а неодамна доби повик од шпанската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…