Дома Топ вести Барса и Челзи се договорија за Вилијан?

Барса и Челзи се договорија за Вилијан?

Како што пренесуваат медиумите на Островот, Барселона и Челзи постигнале договор за трансфер на Бразилецот Вилијан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вилијан е една од главните трансфер цели на Каталонците кои претходни испратија три понуди, но Челзи веднаш ги одбиваше.

Конечно двете страни постигнале договор со трансфер тежок 72 милиони евра, што е за 11 милиони повеќе од последната понуда на Барселона.

Вилијан на „Стенфорд Бриџ“ пристигна во 2013 година и до сега одигра 166 натпревари. Новиот тренер Маурицио Сари сакаше да го задржи, но Бразилецот инсистирал да му биде дозволено да се пресели на „Камп Ноу“.

Конечно двата клуба постигнаа договор за трансфер тежок 72 милиони, па се очекува во наредните денови трансферот да биде комплетиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…