Mногу лесно би можело да се случи Барселона да остане без тренер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако Барса ја изгуби трката за титулата следувеше големо разочарување во Барселона, а најмногу се обвинува тренерот Сетиен.
Од Сетиен многу се очекуваше кога доби прилика да го превземе гигантот од Каталонија, но само шест месеци подоцна се наоѓа на излезни врати и изгледа дека само прашање на време е кога ќе биде објавен новиот тренер.
Во Барселона денес има состанок помеѓу претседателот на клубот Хозе Марија Бартомеу и Сетиен, наводно тука на Сетиен клубот ќе му се заблагодари и ќе му посака среќа во тренерската кариера.
Како што сега стојат работите Сетиен нема да ја води Барселона во август против Наполи во Лигата на шампионите.