Дома Топ вести Барса добива сериозна конкуренција: Италијанскиот гигант се вклучува во трката за Кутињо

Барса добива сериозна конкуренција: Италијанскиот гигант се вклучува во трката за Кутињо

Фудбалерот на Ливерпул, Филипе Кутињо беше на чекор до трансфер во Барселона минатото лето, но на крајот работата пропадна.

Каталонците не се откажаа од него, но сигурно дека во јануари ќе им биде уште потешко да го донесат, бидејќи во трката се вклучи сериозен ривал – Јувентус. Според пишувањето на британските и италијанските медиуми, италијанскиот шампион е подготвен на Ливерпул да му испрати голема понуда за својот креативец и тоа од дури 155 милиони фунти.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Слична сума ова лето „Црвените“ добија од Барселона и ПСЖ, но на крајот Кутињо со многу турбуленции остана на „Енфилд“, иако тешко е да се верува дека таму ќе се задржи долго. Кутињо не е единствениот играч кој е цел на Јуве. Уште од претходно во Торино се распрашуваат за Емре Џан, кој на крајот на сезоната ќе стане слободен играч.

Овој 25-годишен играч јавно изјави дека сака да го напушти Ливерпул и останува да се види дали Јуве ќе ја победи Барса со понуди во големата трка за еден од најдобрите светски фудбалер на својата позицја. Филипе Кутињо во Ливерпул пристигна пред четири и пол години од Интер за само 13 милиони евра, што е најдобар доказ дека на „Енфилд“ со него би направиле совршен потег и од финансиски и од фудбалски аспект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Заминува еден од најбараните тренери!

Тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби (44) ќе го напушти овој клуб на крајот од актуелната…