Дома Трансфер зона Барса веднаш реагираше: Донесе засилување за следната сезона!

Барса веднаш реагираше: Донесе засилување за следната сезона!

Барселона после дебаклот против ПСЖ во Лигата на шампиони свати дека е потребна хитна реакција и веќе го договори првото засилување за следната сезона.

Станува збор за дефанзивецот на Палмеирас и еден од најталентираните стопери на светот, Џери Мина за кого Каталонците ќе платат 9 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пренесува дека трансферот на 22-годишниот дефанзивец ќе се реализира на лето, но играчот на „Камп Ноу“ ќе пристигне во декември кога ќе ја заврши сезоната со Палмеирас.

Џери Мина е 195 сантиметри висок стоер кој минатата сезона беше прогласен за најдобар дефанзивец во бразилското првенство. Неодамна стана член и на сениорската колумбијска репрезентација за која има запишано 5 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сари добил понуда од Шпанија, но ќе го чека Милан?

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, ја…