Репрезентативецот на Македонија Енис Барди денес и официјално беше промовиран во турскиот шампион Трабзонспор.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По потврдата за трансферот Барди се збогуваше од Леванте опишувајќи ја оваа етапа како една од најубавите во неговиот живот.




„После пет години минати во Леванте, денеска кажувам „чао“ на една од најубавите етапи во мојот живот како фудбалер, со надеж дека ова е само довидување. Си одам како „левантиста“, како валенсијанец плус, за сите ќе беше подобро ова „чао“ да дојде во поинакви услови.




„Имам само зборови за благодарност кон клубот за довербата која ја покажа во мене уште од самиот старт и секако за навивачите на Леванте со кои доживеав незаборавни моменти и кои ги чувствувам за блиски. Ти посакувам се најдобро Леванте. Каде и да одиш, имаш навивач плус и тоа од срце“, стои во пораката на Барди