Дома Топ вести Барди најдобар изведувач на слободни во Примера – да, подобар од Меси и Роналдо!

Барди најдобар изведувач на слободни во Примера – да, подобар од Меси и Роналдо!

Тимот за кој настапува нашиот Енис Барди во вчерашниот натпревар против Атлетик Билбао стигна до победа од 1:3, а најзаслужен за победата беше токму Барди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Атлетик Билбао имаше предност од 1:0, а потоа на сцена во 42 и 44 минута стапи – Енис Барди. Барди во само две минути постигна два гола од слободен удар.

Со овие погодоци тој стигна до бројката од 4 оваа сезона. Кога ќе се погледне статистиката нашиот Барди е најдобариот изведувач на слободни удари во Ла Лига, да има подобра статистика и од Роналдо и од Меси!

Барди оваа сезона изведе 15 прекршоци кои се во зоната на удар, а како што кажавме постигна четири погодоци. Кристиано Роналдо сезонава изведе еден прекршок помалку од Барди, а не постигна ниту еден погодок!

Лионел Меси има постигнато повеќе погодоци од Барди, шест. Сепак Аргентинецот изведе и значително повеќе прекшоци 46!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Како група момци од 200 милиони евра направија потрес во Серија А

Клубот Комо е основан на 25 мај 1907 година, а 117 години подоцна, на 24 мај 2026, го пост…