Трабзонспор објави дека Енис Барди е исфрлен од првиот тим заедно со уште тројца други фудбалери.
„Како резултат на состанокот одржан денеска од нашиот претседател Ертугрул Доган, нашиот потпретседател Зејат Кафкас и нашиот тренер Шенол Гунеш, беше одлучено нашите професионални фудбалери Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил, Енис Барди и Умут Бозок да тренираат одвоено од тимот за да ги подобрат своите перформанси. Со почит“, објавија од турскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тамошните медиуми пренесуваат дека Трабзон во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од неколку фудбалери меѓу кои и нашиот Барди.