Дома Останати Кошарка НБА Балканска доминација: Дончиќ и Јокиќ редат трипл-дабл во НБА!

Балканска доминација: Дончиќ и Јокиќ редат трипл-дабл во НБА!

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ продолжуваат да блескаат во своите тимови во НБА лигата. Во натпреварите изминатата вечер, тие остварија трипл-дабл и ги одведоа своите тимови, Денвер и Далас, до победа.

Актуелниот шампион, Денвер, успеа да го победи Торонто со 125-119, иако стартува со голем дефицит од 22 поени во првото полувреме и 21 поен во второто. Во втората четвртина, Репторс имаа значително водство од 64-42 и 66-44, а во третата имаа високи 21 поенски разлика (85-64). Меѓутоа, Денвер успеа да се врати и да ја превземе контролата во средината на последниот период (108-107). Во завршницата, Торонто се обиде да се врати во натпреварот, но Портер со погодена тројка ги уништи нивните надежи за пресврт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никола Јокиќ стигна до својот 21-в трипл-дабл во сезоната, освојувајќи 35 поени, 17 скока и 12 асистенции, додека исто така запиша и 6 украдени топки. Тој сега има само еден трипл-дабл помалку од Домантас Сабонис, кој држи првото место во оваа статистичка категорија. Мареј придонесе со 26 поени и 12 скока, додека Гордон и Портер завршија со по 12 поени.. На другата страна, кај Торонто, најдобар на теренот беше Берет со 26 поени, 9 асистенции и 7 скока, додека Олиника допринесе со 24 поени.

Лука Дончиќ стигна до својот седми трипл-дабл во низа што досега не му успеало на никој во НБА лигата. Во победата против Чикаго со 127-92, Словенецот постигна 27 поени, 14 асистенции и 12 скока и така ја потврди одличната форма во која игра изминатиот месец.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Шарлот 114-97
Кливленд – Феникс 111-117
Чикаго – Далас 92-127
Сан Антонио – Голден Стејт 102-112
Денвер – Торонто 125-119
Портланд – Бостон 99-121

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми 100 милиони за ѕвездата на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…