Дома Трансфер зона Баерн се откажа од Јовиќ, причината е Тимо Вернер

Баерн се откажа од Јовиќ, причината е Тимо Вернер

Лука Јовиќ оваа сезона е вистинска сензација во Бундес лигата и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти, а медиумите долго време тврдеа дека Баерн Минхен е фаворит за неговиот потпис.

Тренерот Ковач одлилно ги познава квалитетите на Јовиќ и сакаше да го донесе во Баерн Минхен, но геранските медиуми тврдат дека се помали се шансите за таков рансфер бидејќи Баварците се насочиле кон Тимо Вернер.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Роберт Левандовски мора да добие замена и напаѓач кој во нардните години ќе го наследи Полјакот, а челниците на Баерн се одлучиле тоа да биде германскиот репрезентативец Тимо Вернер.

„Билд“ тврди дека 22-годишниот германски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со баварскиот гигант.

Баварците сега треба уште да се договорат и со неговиот клуб, бидејки договорот на напаѓачот му истекува во 2020 година. Поради тоа Лајпциг е ставен пред свршен чин и доколку одбие да го продаде на лето, следната година ќе го загуби играчот без обештетување.

Интерес за Вернер има од многу европски гиганти, но напаѓачот отворено му соопштил на својот менаџер дека сака да премине во Баерн.

Баварците спремаат голема реконструкција на тимот и ова лето сигурноќе бидат меѓу најактивните клубови на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…