Дома Фудбал Баерн може да изгуби бодови поради скандалот, но Фрајбург не сака да се жали

Баерн може да изгуби бодови поради скандалот, но Фрајбург не сака да се жали

Баерн Минхен убедливо го победи Фрајбург (1:4) во 28-то коло од Бундеслигата, но Баварците можат да го загубат мечот со 3:0 по службен пат.

Имено, во финишот се случи неверојатна грешка откако гостите во еден момент играа со 12 фудбалери на теренот. Скандалот се случи кога Кингсли Коман не знаеше дека треба да излезе од игра.

Вкупно 17 секунди Баерн беше на теренот со дванаесет фудбалери пред Коман да го извести судијата за грешката и да го напушти теренот.

Правилата се јасни и Баерн би можел да остане без бодови поради тие несреќни 17 секунди, мечот ќе биде регистриран со службена победа на Фрајбург од 3-0, но само доколку домаќините решат официјално да се жалат. 

„Силно верувам дека нема да поднесеме приговор и жалба за тоа што се случи. Баерн Минхен не стекна никаква предност во тие неколку секунди. Тоа е мое мислење на оваа тема“, изјави тренерот на Фрајбург.

Дури и да му одземат три бода, Баерн Минхен сепак ќе има шест бода предност пред Борусија Дортмунд на шест кола пред крајот на првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн пред Јамал во трката за „Златната топка“: Лондон чека фудбалски спектакл

Во понеделник, на 26 октомври, Лондон првпат ќе биде домаќин на доделувањето на „Златната …