Дома Трансфер зона Баерн Минхен влегува во трката за Собослај

Баерн Минхен влегува во трката за Собослај

Баерн Минхен сериозно се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Салцбург, Доминик Собослај.

20-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Најсилен интерес за Собослај покажуваше Милан, но сега во траката за неговиот потпис се вклучија Арсенал, Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Собослај има договор со Салцбург до 2025 година и откупна клаузула од 25 милиони евра, сума која нема да биде проблем за споменатите клубови.

„Тој е вистински Дијамант. Одлично би се вклопил во Бундеслигата и верувам дека Баерн ќе направи вистински потег ако го купи“, изјави германската легенда, Лотар Матеус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Јувентус го договори најдобриот голман во Серија А

Според последните информации од Италија екипата на Јувентус за наредната сезона договорила…