Дома Фудбал Баерн и Дортмунд го сакаат хит-напаѓачот на Европа. Можат да го добијат за само 17,5 милиони евра

Баерн и Дортмунд го сакаат хит-напаѓачот на Европа. Можат да го добијат за само 17,5 милиони евра

Баерн и Борусија Дортмунд се заинтересирани да го доведат Серху Гираси (28), објави Билд. Станува збор за најдобриот играч на Штутгарт, кој постигна исто толку голови на 25 одиграни натпревари во Бундеслигата и е втор стрелец во германското првенство зад Хари Кејн од Баерн со 35 гола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој постигна два гола и во Купот на Германија, па оваа сезона има постигнато 27 гола на 27 натпревари.

Билд го гледа Гираси како потенцијална замена за Чупо-Мотинг, додека за Борусија Дортмунд тој е приоритет.

Со оглед на тоа што Гираси е еден од напаѓачите во најдобра форма во цела Европа и како таков го предводи Штутгарт на патот кон Лигата на шампионите, само една сезона откако клубот се избори за опстанок, интересот на гигантите не е изненадувачки.

Најсигурниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо во октомври 2023 година откри дека Гираси има откупна клаузула во договорот, според која може да биде купен од клуб кој за него плаќа само 17,5 милиони евра. Од друга страна, новинарот на Скај, Флоријан Плетенберг тогаш тврдеше дека Гираси нема намера да си замине во следниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус. Притисокот врз нас е огромен, имаме најмногу титули

Ѕвездата на Реал Мадрид и репрезентацијата на Бразил, Винисиус Жуниор, со голем оптимизам …