Менаџерот на хрватскиот репрезентативец од екипата на Фиорентина бара дозвола за трансфер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Милан Бадељ сака да замине од Фиренца ова лето, а во редот за неговиот потпис чеката италијанските гиганти Интер, Рома и Милан. Одличниот играч од средината на теренот сака да замине од Фиренца, но овој клуб во текот на зимскиот преоден рок веќе одби понуда од „росонерите“.
„Вистинско време е Бадељ да ја напушти Фиорентина. Не знам што клубот планира, но знам дека немаше никаков контакт со екипата на Интер, а мислам дека веќе избраа друг играч на негово место. Медиумите пишуваат се, повеќето од тоа се неточни информации. Можеби од клубот добиле некакви понуди, но мене никој не ме контактирал“, изјави менаџрот Дејан Јоксимовиќ.