Дома Топ вести Ањели сака да доминира и во Европа: Во Торино се спрема понуда за младата супер ѕвезда!

Ањели сака да доминира и во Европа: Во Торино се спрема понуда за младата супер ѕвезда!

Како што пишуваат италијанските медиуми првиот човек на Јувентус Андреа Ањели знае која ќе биде следната ѕвезда која ќе пристигне во Торино.

Познато е дека Јувентус долго време се обидуваше да го доведе Сергеј Милинковиќ Савиќ, но најмногу поради „заладените“ односи на реалција Лотито-Ањели, Србинот е тешка мета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Апенините денес одекна веста дека „старата дама“ ќе тргне по – Лерој Сане!

Во Јувентус наводно во Сане гледаат играч кој за краток период може да се развие во еден од најдобрите во светот. Сепак, прашање е колку Манчестер Сити ќе биде расположен да преговара за продажба на Сане.

Сумата која во овој момент се споменува изнесува околу 150 милиони евра.

Јасно е дека трансферот на Сане не би бил можен во јануарскиот преоден рок со оглед на тоа што неодамна клубот го купи Кристиано Роналдо, напад на Сане од страна на Италијанците би можеле да очекуваме во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…