Дома Фудбал Италија Ањели го губи трпението, Пирло е пред отказ

Ањели го губи трпението, Пирло е пред отказ

Јувентус лошо ја отвори новата сезона, па италијанските медиуми тврдат дека се разнишала позицијата на тренерот Андреа Пирло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бјанконерите“ запишаа две неочекувани ремија против Кротоне и Верона, а во Лигата на шампиони беа надиграни и победи од Барселона.

Тоа го запали „алармот“ во Торино, па претседателот Андреа Ањели размислува за смена на Пирло, тврдат медиумите на Апенините.

Пирло беше избор токму на Ањели, па засега нема ултиматум за новиот тренер, но јасно е дека ќе мора да ги подобри играта и резултатите.

Доколку тоа не се случи во најскоро време, Пирло ќе добие отказ, а најсериозен кандидат за негов наследник се спомнува актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…