Дома Фудбал Останато Ајакс ова лето ќе го продаде скоро цел тим и ќе заработи огромна сума

Ајакс ова лето ќе го продаде скоро цел тим и ќе заработи огромна сума

Холандскиот гигант Ајакс оваа сезона се врати на европската сцена.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Со години наназад Ајакс играше прилично неважна улога во европските натпреварувања. Сепак, оваа сезона со неверојатно талентираната генерација тие се вратија на победничките патеки.

Вистинска штета е што добар дел од играчите на овој тим на Ајакс нема да играат во Амстердам наредната сезона. Големите европски клубови „загризаа“ за младите ѕвезди на Ајакс и тие сигурно ќе останат без прилично голем број фудбалери.

Френки Де Јонг веќе е продаден на Барселона за 75 милиони евра, а вкупно Ајакс ова лето од трансферите би можел да заработи 300 милиони евра.

По стапките на Де Јонг веројатно ќе тргне и фантастичниот дефанзивец Матијас Де Лихт. Тој наводно веќе постигнал договор со Барселона која за него би платила сума од околу 60-70 милиони евра.

На излезни врати е и голманот Андре Онана. И него го сака Барселона, на пат кон Премиер лигата може да тргнат бековите на Ајакс. За десниот бек Ноусаир Мазаруи заинтересирани се Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул, додека Николас Таљафико го привлече интересот на Арсенал.

Бразилецот Давид Нерес со своите настапи исто така воодушеви многумини. Интересно е што Ајакс одби 43 милиони евра за услугите на Нерес во зимскиот преоден рок од Гвангжу. Сега неговата цена е поголема поради уште подобрата форма во вториот дел од сезоната.

Уште еден кој би можел да замине е Душан Тадиќ. Иако дојде од Саутемптон минатото лето српскиот фудбалер привлече големо внимание и Ајакс би можел да добие три пати поголема сума отколку што плати за него. Неговата цена во овој момент е околу 30 милиони евра.

Низата играчи кои веројатно ќе го напуштат Ајакс ја затвараат Дон Ван Де Бек и Хаким Зијеш. За првиот интерес покажува Реал Мадрид, додека Зијеш е следен од Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ги казни Валверде и Чуамени со највисоката казна во историјата на клубот!

Реал Мадрид денеска донесе одлука за да се реши инцидентот во кој беа вклучени првотимците…