Дома Трансфер зона Ајакс кажа ДА: Клајверт се сели во Рома!

Ајакс кажа ДА: Клајверт се сели во Рома!

Младата ѕвезда на Ајакс, Џастин Клајверт е многу блиску до трансфер во Рома, пренесуваат италијанските медиуми.

Двата клуба веќе подолго време водеа преговори, а медиумите тврдат дека денес конечно постигнале договор за трансферот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома за Клајверт ќе плати 20 милиони евра плус 5 во име на бонуси. 19-годишниот крилен напаѓач ќе потпише 5-годишен договор според кој ќе заработува 1,4 милиони евра по сезона.

Минатата сезона Клајверт запиша 30 настапи за Ајакс на кои постигна 10 гола, а се очекува во наредните денови да пристигне во Рим на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед не се откажува од Де Јонг

Барселона минатото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски пробле…