Холандскиот гигант Ајакс од Амстердам денес потвди дека го промени името на својот стадион „Амстердам Арена“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, од наредната серзона овој спектакуларен стадион ќе го носи името на најголемата легенда на Ајакс – Јохан Кројф.
Јохан Кројф, кој почина на 24-ти март 2016 година го носеше дресот на Ајакс од 1964 до 1973 година и во тој период одигра 240 натпревари и постигна 190 гола. Кројф пред самиот крај на кариерата за врати во Ајакс во 1981 година и во две години одигра уште 36 натпревари.
Веста дека стадионот на Ајакс од следната сезона ќе се вика „Јохан Кројф Арена“ со воодушевување ја примија навивачите на холандскиот гигант.
❤️?❤️#vooraltijdnr14 pic.twitter.com/tQRwiTYuDj
— AFC Ajax (@AFCAjax) April 5, 2018