Дома Останати Ракомет Атман: Од кога дојдов во Вардар немам земено плата

Атман: Од кога дојдов во Вардар немам земено плата

Вчера Вардар го напуштија Даинис Криштопанс и Павел Атман, Криштопанс се пресели во Фуксе Берлин, додека Атман потпиша за Спартак Москва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината за заминувањето на двајцата ракометари е финансиската ситуација во Вардар која е и тоа како лоша. Атман во изјава за новиот клуб, откри дека во Вардар за седум месеци колку што беше тука не земал ниту една плата.

„Ги добив документите од Вардар и го реализирав трансферот во Спартак. Иднината на Вардар е неизвесна и никој не знае до кога ќе биде вака. Ако проблемите продолжат веројатно и другите ќе си заминат. Од кога пристигнав во Вардар немам земено плата. Се вративме во Москва затоа што сме во една специфилна ситуацијата, сопругата е бремена со второ дете и морав да донесам одлука“, изјави Атман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…