Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид ја сака ѕвездата на Милан!

Атлетико Мадрид ја сака ѕвездата на Милан!

Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран за крилниот фудбалер на Милан, Сусо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот интернационалец блесна оваа сезона во дресот на „росонерите“ и е еден од најдобрите офанзивни играчи во Серија А.

„АС“ пренесува дека Сусо е голема желба на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и сака да го донесе во својот тим.

Сепак, тешко дека „росонерите“ ќе се согласат да го продадат Шпанецот бидејќи тој е еден од играчите на кои сакаат да го градат тимот во иднина.

Договорот на Сусо со Милан истекува во 2019 година, но италијанските медиуми пренесуваат дека набрзо ќе потпише нов, побогат договор со тимот од „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…