Дома Македонски спорт Атанаскоски го постигна третиот гол за Шахтер и дојде на чекор од финалето во Купот на Казахстан

Атанаскоски го постигна третиот гол за Шахтер и дојде на чекор од финалето во Купот на Казахстан

Некогашниот младински репрезентативец Давид Атанаскоски е блиску со својот Шахтер Караганди да игра финале во Купот на Казахстан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес со еден постигнат гол Атанаскоски учествуваше во победа од 5:2 против Тобол каде што настапува Алекса Амановиќ исто така поранешен младински репрезентативец. Атанаоскоски во Караганди пристигна од Македонија Ѓорче Петров. Мрежата на Тобол денес ја погоди во 14. минутата за 2:0.

Реваншот е закажан за 21. ноември. На теренот Атанаскоски беше до 77. минута. На спротивната страна Амановиќ го одигра целиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …