Дома Топ вести Асенсио спремен да му каже ДА на Њукасл

Асенсио спремен да му каже ДА на Њукасл

Њукасл испратил прва понуда до Реал Мадрид за Марко Асенсио,  пренесуваат англиските медиуми.

Асенсио влезе во последната година од договорот, а Реал одлучил да не му понуди продолжување на соработката. Тоа значи дека Шпанецот или ќе биде продаден ова лето или следното лето ќе замине како слободен агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првата опција е многу поприфатлива за Реал, но и за самиот Асенсио, кој не сака уште една сезона да ја помине на клупата за резерви, особено во година кога има Светско првенство.

Интерес за Асенсио покажуваат Милан и Ливерпул, но најконкретен е Њукасл кој веќе испратил понуда до Реал и неговиот агент.

Шпанецот првично одбиваше преселба во Њукасл, бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони, но бидејќи нема други конкретни понуди, сериозно размислува да ја прифати понудата на богатиот клуб од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…