Дома Фудбал Артета позитивен на Ковид, го пропушта дербито со Сити

Артета позитивен на Ковид, го пропушта дербито со Сити

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета дал позитивен тест на коронавирус, потврдија од клубот.

Артета веднаш е ставен во изолација и ќе сигурно ќе го пропушти првиот меч во Премиер лигата во 2022 година. Арсенал на 1 јануари игра големо дерби со Манчестер Сити.

Шпанецот втор пат е позитивен на Ковид, откако во март 2020 година беше заразен и имаше симптоми.

Артета ќе биде во карантин најмалку една недела, односно додека не даде негативен тест.

Во моментов на Островот ситуацијата со коронавирусот е многу лоша и Артета не е единствен менаџер од Премиер лигата кој е позитивен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…