Дома Фудбал Англија Артета отворено за Озил: Има работи кои се влечат 8 години, не се кријам јас така одлучив

Артета отворено за Озил: Има работи кои се влечат 8 години, не се кријам јас така одлучив

Месут Озил се огласи вчера откако Микел Артета го отпиша од плановите за оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот фудбалер објави порака на друштвените мрежи во која тврди дека не му е дозволено да игра за Арсенал, тимот кој го сака и во кој ужива, како и дека на тренинзите се труди максимално.

По таквата порака на Озил се огласи и менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

„Тоа што се случува со него не е ништо ново. Атмосферата која е околу него од кога дојдoв е прилично тешка. Многу работи се влчеат веќе осум години. Го сакав најдоброто за Месут и многу пати бевме блиску да се зближиме, но се се враќаше на старо кога морав да го изоставам од екипата. Нема тука никаква врска со однесувањето или намалувањето на плати. Тоа не е вистина.  Јас сум тука како менаџер и доведен сум да победувам и да носам најдобри одлуки за тимот. Месут имаше своја шанса како и другите, јас гледам што играчот може да донесе на тимот. Нема да се кријам зад сопствениците јас донесов одлука да не биде во тимот и совеста ми е честа. Жал ми е што морав да го изоставам. Од самиот почеток во клубот бев отворен кон сите“, порача Артета.

Озил не е пријавен ниту за европските натпревари и веројатно германскиот фудбалер го одигра своето во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната иднината на Анчелоти на кормилото на Бразил

Карло Анчелоти останува селектор на бразилската репрезентација и покрај горкиот пораз од Н…