Дома Топ вести Арсенал спреми 110 милиони за ѕвездата на Реал

Арсенал спреми 110 милиони за ѕвездата на Реал

Играчот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга веќе се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери на „кралскиот“ клуб и ги освои сите можни трофеи.

Иако има само 21 години Французинот е еден од најдобрите играчи за врска во Европа и за него интерес покажуваат многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најсилен интерес за него покажува Арсенал, а англиските медиуми пренесуваат дека „топџиите“ нема да жалаат пари да го доведат на „Емирати“.

Имено, Камавинга е примарна трансфер цел на Артета и Арсенал е спремен на лето да понуди 110 милиони евра.

Реал не сака да го продаде својот „бисер“, но останува да се види како ќе реагира на ваква понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…