Дома Топ вести Арсенал спрема понуда за Осимен

Арсенал спрема понуда за Осимен

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Приоритет на Артета ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а откако пропадна трансферот на Шешко од Лајпциг сега ќе се насочат кон Осимен.

За него интерес од поодамна покажува ПСЖ, а сега и Арсенал се вклучи во битката за неговиот потпис и стапил во контакт со неговите агенти.

Осимен ова лето сигурно ќе го напушти Наполи, а преферира трансфер во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…