Дома Фудбал Останато Арсенал со начинот на кој го доведе Парти го налутил Симеоне

Арсенал со начинот на кој го доведе Парти го налутил Симеоне

Во последните моменти од преодниот рок Арсенал вчера го доведе Томас Парти, „топџиите“ ја платија откупната клазула во износ од 50 милиони евра.

Според правилата ако некој клуб сака да ја плати клазулата во договорот на одреден играч нема потреба да се обрати кај неговиот клуб, во овој случај тоа го направи Атлетико.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Арсенал трансферот на Парти го заврши директно преку Ла Лига и во договор со самиот фудбалер.

Таквиот однос на Арсенал го налутил Диего Симеоне кој планирал дека ќе го има Парти во своите редови за оваа сезона, на крајот остана без него во последниот ден од преодниот рок без можност да доведе негова замена.

„АС“ тврди дека ова може да влијае и врз трансферот на Лукас Тореира кој во овој момент е на позајмица во Атлетико, трансферот на Тореира беше договорен неколку дена претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…