Дома Топ вести Арсенал не се откажува од Милинковиќ-Савиќ

Арсенал не се откажува од Милинковиќ-Савиќ

Арсенал не се откажува од намерата да го доведе во своите редови Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат медиумите на Островот.

Србинот веќе долго време е на мета на „топџиите“, но трансферот не се реализира поради високата отштета која ја бара Лацио.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио е под притисок.

Се твредеше дека Лацио за неговата слобода минатото лето барал 100 милиони евра, но „Газета дело Спорт“ пренесува дека сега неговата цена драстично паднала.

Милинковиќ-Савиќ влегува во последната година од договорот, па Лацио е спремен да го пушти за 55 милиони евра, сума која Арсенал е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…