Петр Чех влегува во зрели играчки години, не е повеќе на своето препознатливо ниво, па Арсенал веќе ја почна потрагата по негова замена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според англиските медиумите прв на списокот на „топџиите“ за голманската позиција е голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено.
26-годишниот Лено важи за еден од најдобрите голмани во Европа и сигурно со Тер Штеген ќе се бори за место во репрезентацијата на Мундијалот, со оглед на фактот дека Ноер е повреден.
Неговиот договор со Баер Леверкузен истекува во 2020 година, а откупната клаузула изнесува 30 милиони евра, сума која не преставува проблем за Арсенал.
Лено неодамна изјави дека е спремен да ја промени средината, но само во клуб каде што ќе биде прв избор на голот. Покрај Арсенал за Германецот силен интерес покажува и Наполи.