Дома Фудбал Англија Арсенал им се врати на победите, Њукасл тоне се подлабоко 🎥

Арсенал им се врати на победите, Њукасл тоне се подлабоко 🎥

Фудбалерите на Арсенал го совладаа Њукасл со 2:0 во рамките од 13. коло во Премиер лигата.

„Топџиите“ беа во одлична серија до минатото коло кога доживеаа тежок пораз од Ливерпул, но денес им се вратија на победите, додека Њукасл остана закован на дното. Во првите 45 минути на дуелот на „Емирати“ немаше погодоци, а Арсенал беше подобриот противник на теренот. Обамејанг го имаше едно од најголемите промашувања во кариерата пред крајот на првиот дел (тука).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во продолжение тимот на Артета сепак успеа да стигне до победата. Прво Сака после една одлична акција погоди за 2:0 во 56. минута за конечниот резултат да го постави резервистот Мартинели во 66. минута.

До крајот на натпреварот Арсенал мирно ја одржуваше предноста и дојде до важни три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…