Aрсенал се поврзува со засилување од кое навивачите нема да бидат воодушевени.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тимот од „Емирати“ во овој преоден рок успеа да ги доведе Нуно Тавареш од Бенфика и младиот играч за врска на Андерлехт Самби Локонго. Англиските медиуми сега пишуваат дека Арсенал испратил официјална понуда за голманот Арон Рамсдал.
Станува збор за голманот на Шефилд кој минатата сезона го напушти друштвото на најдобрите како последнопласиран тим со 23 освоени бодови.
Рамсдал мрежата ја бранеше на секој од 38 натпревари во Премиер лигата и прими 63 гола. На адреса на Шефилд пристигнала понуда вредна 30 милиони фунти и тоа е потег кој навивачите на клубот не го одобруваат. Андре Онана беше голема желба на Арсенал, но бидејќи ја изгубија битката за неговиот потпис се насочија кон други имиња