Дома Фудбал Аргентинецот бараше фаул, а беше „фаулиран“ од – гулаб! (ВИДЕО)

Аргентинецот бараше фаул, а беше „фаулиран“ од – гулаб! (ВИДЕО)

Аргентина вчера се избори за пласман во полуфиналето на Копа Америка со победата против Венецуела од 2:0.

„Гаучосите“ одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во десетата минута кога мрежата на Венецуела ја затресе Лаутаро Мартинез. Прашањето на победникот го решија во 74-тата минута кога конечните 2:0 ги постави Ло Селсо.

Но, на самиот почеток на натпреварот видовме една неверојатна ситуација. Топката ја имаше аргентинскиот фудбалер Родриго Де Паул кој заврши на тревата и бараше прекршок. Меѓутоа на успорената снимка се гледа дека него всушност го „фаулирал“ голубот кој беше на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд повторно пред заминување? Евертон веќе разговара со Јунајтед

Евертон и Манчестер јунајтед наводно отвориле разговори за Маркус Рашфорд пред јануари, но…