Дома Фудбал Репрезентации Аргентина и Бразил ќе играат пријателски натпревар во Мелбурн

Аргентина и Бразил ќе играат пријателски натпревар во Мелбурн

Фудбалските репрезентации на Бразил и Аргентина ќе одиграат пријателски натпревар на 11. јуни во Мелбурн соопшти денес министерот за спорт на сојузната држава Викторија.

Тој натпревар ќе се одигра пет месеци пред почетокот на Светското првенство во Катар 2022 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кажано ни беше дека за нив тоа ќе биде важен натпревар пред Светското првенство и се очекува двете селекции да дојдат во најсилни состави“, изјави министерот за спорт на државата Викторија, Мартин Пакул.

Двете селекции веќе еднаш се сретнаа на стадионот „Мелбурн Крикет Граунд“ во 2017 година кога победата во тој пријателски дуел ја однесе Аргентина со 1:0.

Ќе потсетиме Светското првенство во Катар е на програмата од 21. ноември до 18. декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…