Тренерот на актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во суперлативи зборуваше за своите фудбалери, кои се уште немаат пораз во новата сезона во сите натпреварувања.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид синоќа славеше против Севиља со 3-1 и така остана на шест бодови предност пред Барселона.




„Ова е екипа која е задоволство да ја тренирате, бидејќи сите ги почитуваат одлуките кои ги носам и не предизвикуваат воопшто проблеми. Ова е еден од најдобрите тимови, ако не и најдобриот кој сум ја предводел во кариерата, изјави Анчелоти.




„Замените ни донесоа многу добри работи. Мораме да го преживееме овој дел од сезоната до Светското првенство, а тоа значи ќе страдаме за да победуваме“, додаде Анчелоти.