Дома Фудбал Анчелоти: Нема шанси Модриќ да замине, тој е непроценлив за Реал

Анчелоти: Нема шанси Модриќ да замине, тој е непроценлив за Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти стави крај на шпакулациите околу евентуалното заминување на Лука Модриќ од „кралскиот“ клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ не играше против Лас Палмас и Џирона во првенството, откако беше заменет против Атлетико и доби многу критики.

Факт е дека оваа сезона Модриќ не е на своето препознатливо ниво, па се појавија шпекулации дека може уште во јануари да си замине од Реал.

„Модриќ ќе замине во јануари? Нема шанси. Тој не сака да замине и ние сме многу среќни поради тоа. Да, тој е незадоволен од минутажата и тоа е очигледно, но јас разговарам со него секој ден и тој сепак е екстра мотивиран. Тој е лидер. Модриќ е непроценлив за Реал“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…