Дома Фудбал Анчелоти: Му бев лут на Пике и му кажав зошто

Анчелоти: Му бев лут на Пике и му кажав зошто

Реал Мадрид се пласираше во финалето на шпанскиот Суперкуп, откако ја совлада Барселона со 3-2 по продолженија во Саудиска Арабија.

Тренерот Карло Анчелоти е задоволен поради победата на неговите избраници, па по дуелот даде кратка изјава.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека Барселона не играше добро. Тие напаѓаа преку контра-напади, додека ние седевме длабоко за да може да искористиме некоја контра, што се покажа како продуктивно. Како што кажав претходно, пресингот е тежок за нас поради фудбалерите за врска. Создадовме доволно шанси и постигнавме три квалитетни голови“, кажа Анчелоти.

Анчелоти доби прашање од шпанските новинари и за конфликтот кој го имаше со Жерар Пике, кога Барселона не ја исфрли топката, иако Винисиус Жуниор беше повреден.

„Му бев лут на Пике и му кажав зошто. Требаше да ја исфрли топката како што ние направивме во првото полувреме. Тој ми кажа дека никогаш не ја исфрлале топката надвор од игра во таква ситуација и се извини“, открива Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…