Дома Фудбал Анчелоти има проблем со наследникот на Модриќ?

Анчелоти има проблем со наследникот на Модриќ?

Тинејџерската сензација Едуардо Камавинга минатото лето пристигна од Рен во Реал Мадрид за 30 милиони евра за да го наследи Лука Модриќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Камавинга има голем талент, но во последно време игра лошо, а тоа го натера „АС“ да го критикува младиот фудбалер.

Шпанскиот медиум во текстот „Камавинга не може да се контролира“ пишува дека Карло Анчелоти се уверил во тоа дека младоста не носи само свежина, туку и проблеми во тимот.

Киксот на Реал против Осасуна во минатото коло (0-0) на домашен терен беше втор меч по ред во кој Камавинга беше заменет на полувреме.

Камавинга стана втор најчесто казнуван фудбалер во топ-5 лигите затоа што жолт картон добива на секои 60 минути, а пред него е само Матеус Куна од Атлетико Мадрид, кој добива жолт картон на секои 56 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Куман му падна мрак на очи: Холандија на бизарен начин остана без двајца фудбалери!

Репрезентацијата на Холандија на бизарен начин остана без двајца фудбалери за натпреварот …