Дома Фудбал Италија Анчелоти има два меча да се спаси од отказ

Анчелоти има два меча да се спаси од отказ

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти е под се поголем притисок после серијата на лоши резултати од почетокот на сезоната.

И покрај фактот што до сега ја имаше поддршката од сопственикот Де Лаурентис, сепак медиумите пишуваат дека неговата позиција во клубот е сериозно разнишана.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После репрезентативната пауза Наполи го очекуваат натпревари со Милан и Ливерпул, па доколку не оствари добри резултати Анчелоти со сигурност ќе добие отказ.

Наполи е во серија од пет меча без победа, а Анчелоти и фудбалерите се во затегнати односи со раководството.

Доколку во наредните недели не се поправат односите и резултатите, раководството ќе биде приморано да направи тренерска смена, а прв кандидат за тренерското столче е Џенаро Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Четири срамни податоци за дебаклот на Манчестер Јунајтед

Избраниците на Ерик тен Хаг забележаа срамен пораз во Лондон од Кристал Палас со резултат …