Дома Фудбал Анчелоти за пеналот на Сити: Таков пенал во ЛШ е лудост

Анчелоти за пеналот на Сити: Таков пенал во ЛШ е лудост

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше задоволен после пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го елиминира Ливерпул.

„Игравме и добро го контролиравме натпреварот. Не се браневме во низок блок и се трудевме да бидеме силни и сигурни на топката. Имавме шанси и бевме цврсти. ЛШ останува многу тежок турнир, но нашата цел е да се претставиме добро и да го освоиме“, изјави Анчелоти.

Карло Анчелоти откри дека со Јирген Клоп го коментирале пеналот кој го доби Манчестер Сити против Лајпциг.

„Му кажав на Клоп дека пеналот за Сити против Лајпциг е лудост. Им реков да внимаваат со тоа, бидејќи не е фудбалски да се добиваат такви пенали во Лигата на шампионите. Мислам дека никој не забележа, мислам дека дури ни Гвардиола не сфати дека пеналот е досуден во негова корист“, додаде Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …