Дома Фудбал Анчелоти за Бензема: Му кажав дека нема да игра, не спаси масерот

Анчелоти за Бензема: Му кажав дека нема да игра, не спаси масерот

Реал Мадрид синоќа оствари голема победа на гостувањето кај Челзи во Лигата на шампионите (1:3).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Херој за „кралевите“ и овој пат беше Карим Бензема кој одигра уште еден фантастичен натпревар и ги постигна сите три гола.

Карло Анчелоти откри како се шегувал со Французинот пред почетокот на мечот и му кажал дека нема да игра.

„Кога излеговме од автобусот, му кажав дека нема да игра бидејќи ја загуби акредитацијата без која не може да влезе на терен. Не спаси масерот кој ја пронајде пропусницата и сите се насмеавме. За него немам што повеќе да кажам, Карим е фантастичен“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…