Дома Фудбал Анчелоти донел одлука за Мбапе

Анчелоти донел одлука за Мбапе

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе пред неколку дена им се приклучи на новите соиграчи во Мадрид и се подготвува за стартот на новата сезона.

Капитенот на француската репрезентација доби нешто подолг одмор поради обврските кон Франција на Европското првенство и се приклуч пред настапот во Суперкупот на Европа каде што Реал Мадрид ќе се соочи со Аталанта.

Според шпанскиот „Релево“, Карло Анчелоти планира веднаш да го вклучи во стартните 11 за овој дуел без разлика Французинот не одигра ниту еден подготвителен натпревар во летниот период.

Анчелоти веројатно верува дека на играч како Килијан Мбапе не му е потребно долго време за адаптација на новата средина. Реал и Аталанта се среќаваат в среда од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…