Дома Трансфер зона Анчелоти го доведува играчот кој Мурињо го „отпиша“?

Анчелоти го доведува играчот кој Мурињо го „отпиша“?

И покрај тоа што претходно направи за клубот, Тотенхем одлучи да дозволи трансфер на Деле Али во јануарскиот преоден рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англискиот репрезентативец оваа сезона не е задоволен бидејќи Мурињо скоро никако не го користи и сега е одлучен да го напушти клубот.

Играчот кој пет години е во Тотенхем во јануари има дозвола да си пронајде нов клуб и да ги напушти редовите на Спарси.

Деле Али неодамна си замина од клупата во соблекувалната откако Мурињо ги направи сите пет измени во дуелот против Антверп во ЛЕ.

Сега се споменува и кој клуб би можел да биде негова наредна дестинација. Англичаните пишуваат дека наводно Анчелоти е заинтересиран да го доведе Деле Али во Евертон. Покрај Деле Али, Анчелоти ја следи ситуацијата и со Хари Винкс кој исто така е во втор план кај Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…