Дома Фудбал Анчелоти: Веќе сите знаат кој треба да ја добие „Златната топка“

Анчелоти: Веќе сите знаат кој треба да ја добие „Златната топка“

Реал Мадрид вчера го освои европскиот Суперкуп победувајќи со 2:0 против германски Ајнтрахт.

Карло Анчелоти по мечот истакна дека на неговиот тим не му било лесно, посебно не до првиот гол.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Воопшто не беше лесен натпревар, особено на почетокот. Тешко ни беше да ја воспоставиме нашата брзона, сепак по дадениот гол ни одеше полесно. Почетокот на сезоната никогаш не е лесен“, изјави Анчелоти.

Бензема беше стрелец на вториот гол на Реал Мадрид и така го помина Раул и стана втор стрелец во историјата на Реал Мадрид.

„Бензема за нас е многу важен, тој е лидер. За се што направивме во претходниот период има големо влијание. Сите видовте како ја заврши сезоната со постигнување на голови, така ја почнува и новата. Мислам дека сите знаат кој треба да ја доби Златната топка“, порача Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…