Тренерот на Реал, Карло Анчелоти денес очекувано беше прашан за евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Реал Мадрид е во напредни преговори и медиумите тврдат дека наскоро Мбапе ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.
Анчелоти пред мечот со Бетис истакна дека не се занивама со шпекулации.
„Не очекував прашање за Мбапе“, со насмевка одговори Анчелоти.
„Јас ве разбирам, но со тоа прашање се занимава клубот, а не тренерот. Играчите и јас размислуваме само за следниот натпревар. Мене не ме интересираат шпекулации“, истакна Анчелоти.