Дома Фудбал Италија Антонио Касано започнува со тренинзи во третолигаш!

Антонио Касано започнува со тренинзи во третолигаш!

kasano

Желбата да се врати на фудбалските терени кај Антонио Касано изгледа не исчезнува.

Според неговите зборови во изминатиот период тој добил неколку понуди, но истите ги одбил.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Касано е без ангажман од летото 2017 година после кратката епизода во Верона.

Меѓутоа искусниот напаѓач не се откажува. Наводно е во добра кондиција, а истата сака да ја па во наредниот период ќе започне со тренинзи во италијанскиот третолигаш Виртус Ентела.

Од Ентела се огласија официјално соопштение по повод пристигнувањето на Касано на нивните тренинзи.

„Виртус Ентела соопштува дека е прифатено барањето на Антонио Касано од идниниот понеделник да тренира со првиот тим, под водство на Роберто Боскањли, без никакви административни обврски и договори“, порачаа од Ентела.

Дали на крајот Касано сепак ќе потпише договор со овој клуб или ќе пронајде ангажман некаде на друго место останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…